„Бомба“ од Истанбул: Де Брујне потпишува за Фенербахче?!

346

Дали е на повидок најспектакуларниот трансфер во историјата на турскиот фудбал? Дали Жозе Мурињо ќе добие мега – засилување? Според “Фанатик“, еден од најпознатите весници во Турција, во Фенер би можел да дојде никој друг туку Кевин Де Брујне, еден од најдобрите фудбалери во светот, предводникот на Манчестер Сити и најплатениот играч во Премиер – Лигата со 400.000 фунти неделна плата.

Оваа вест секако дека е повеќе од сензационална.

Се разбира дека ова би можела да биде само најава, поточно желба на Фенер и Мурињо ако се знае дека за услугите на Де Брујне се заинтересирани бројни клубови од С. Арабија.

Најголемата дилема е дали Фенер има пари да си дозволи еден таков тип на играч како Де Брујне. Јасно е дека турскиот гигант ги нема тие најмалку 20 милиони евра по сезона за да го придобие играчот за врска од Белгија.

ПретходноМакс Верстапен откри со кој тим преговараше за евентуален трансфер!
СледноИнфантино и Графстром упатија честитки до Масар Омерагиќ