Поранешниот голман на Јувентус и на италијанската репрезентација, Џанлуиџи Буфон го поддржа тренерот на Јуве, Тиаго Мота, кој беше на удар на критики поради лошите настапи на тимот.
“Имам голема почит кон Тиаго Мота и многу сум уверен во тоа што го работи. Мота е скрупулозен тренер, подготвен, навикнат на одредени нивоа. Доволно е да го споредиме со Алегри. Еден освои многу, Тиаго почнува сега: оние кои ги споредуваат се водени од желбата да го изнервираат тимот на Јувентус“, рече Буфон.