По катастрофалните резултати на тимот, познато е дека раководството на Валенсија се одлучи да се раздели со Рубен Бараха. За нас е интересна ситуцијата во овој клуб поради Столе Димитриевски.
Имаше најави дека на клупата ќе седне познатиот Кике Флорес Санчез, но ништо од тоа. Утринава медиумите во Шпанија пренесуваат дека некогашниот гигант од “Местаља“ има договор со Карлос Корберан, сегашниот стратег на Вест Бромвич Албион. Валенсија го известила овој клуб дека ќе ја плати откупната клаузула.
Па така се очекува во текот на денот и официјално да биде објавено дека Валенсија има нов тренер.
Корберан (41) е дете на Валенсија. Како играч ги мина сите младиски категории во овој клуб, но никогаш не заигра за првиот тим. На 24 години ја прекина играчката кариера, а како прв тренер ги предводеше Лидс, Хадерсфилд, Олимпијакос…