Македонската ракометна репрезентација веќе трет ден се подготвува во Стара Пазова, за настап на Мундијалот 2025 година. Нашиот национален тим ќе ги игра своите мечеви во Вараждин, Хрватска, каде што за противници ги имаме Холандија, Унгарија и Гвинеја.
Најмладиот во нашите редови, голманот Иван Галевски, ги сподели своите очекувања за претстојниот голем турнир, како и импресиите од самото присутво во националниот тим.
„Чест и задоволство ми е што сум дел од овој колектив. Нѐ очекува еден голем предизвик, но тоа не треба да ни претставува притисок, напротив еден мотив плус за да секој го даде својот максимум. Подготовките се одвиваат добро и се надевам дека подготвени ќе го дочекаме стартот на Светското првенство“, кажа Галевски.