Екипата на Манчестер Сити е во сериозна играчка и резултатска криза. Ѓаволот ја однесе шегата што би се рекло, а Сити веќе десетина мечеви како нема победа, и не освојва бодови. Заостанува зад ривалите како во Премиер лигата, така и во Лигата на Шампионите, а менаџерот Пеп Гвардиола е свесен дека позитива во резултатска смисла мора да се случи многу скоро.
Сити загуби девет од последните 12 натпревари во сите натпреварувања, а во четврток се соочува со Евертон, кој освои бодови со Арсенал и Челзи на последните два меча.
„Евертон не е најидеалниот тим за да ја прекинеме лошата серија но што е тука е. Сепак, од нас зависи кога ќе се вратиме на вистинското ниво. Ќе треба време секако. Мораме да се подигнеме што е можно поскоро. Играме против Евертон, тим кој игра добро во моментов“ – изјави Пеп.