Предмалку ФК Брера објави дека и официјално нејзиниот прв човек, претседателот на клубот Горан Пандев формално си заминува од клубот, и преминува да ја извршува функцијата во Фудбалската Федерација на Македонија, Поточно, Гранде Пандев од претседател на ФК Брера заминува да биде спортски директор на сите македонски фудбалски репрезентации.
Оставката е со цел да нема судир на интереси како и заради неспоивоста на двете функции.
„Од секогаш сум зборувал и залагал за развој на македонскиот фудбал и дека треба сериозно да се посветиме за прогрес на клупскиот и репрезентативен фудбал. Верувам дека новото раководство ќе го даде тој инпут на кој ќе бидеме горди сите ние како нација. Репрезентациите треба да бидат наша светост и треба да ги градиме во конутинитет. Имаме потенцијал само треба професионален пристап,, кажа Пандев кој веќе не е претседател на ФК Брера Струмица.
Фк Брера потоа во официјалното соопштение на клубот му се заблагодарува на Горан Пандев за се досега, и воедно му ја честита новата функција, заедно со изборот на претседател на ФФМ, на господинот Масар Омерагиќ.