Горига верен на Вардар

231

Дмитро Горига и натаму ќе биде дел од тимот на РК Вардар. Поточно, украинскиот интернационалец се договори со управата на клубот за продолжување на соработката до крајот на сезоната 2025/26.

Сезонава покажа дека е неговото ангажирање е вистински погодок и во многу ситуации ги потврди своите голгетерски способности. Борбеноста и лојаноста кон клубот секогаш биле очигледни, и не се штедеше тоа да го покаже и на терен.

„ Како клуб работиме на формирање тим и задржување на сите играчи за кои сметаме дека можат квалитетно да помогнат, и на ангажирање на засилувања кои ќе донесат дополнителен квалитет. Во преговори сме со сите играчи кои можат да придонесат за силен Вардар, и знаеме дека изборот ќе ни донесе успех во иднина, вели Андрија Нунев, оперативниот директор на РК Вардар 1961.

ПретходноПех за Барса, пауза за Феран Торес
СледноГвардиола: Ни требаат добри резултати што е можно поскоро