Дарио Ивановски и Дрита Ислами се најдобри атлетичари за 2024 година

89

Македонскиот олимпиец Дарио Ивановски и нашата атлетичарка Дрита Ислами денеска ги добија признанијата за најдобри во македонската атлетика за 2024 година. На свечерноста организирана од Атлетската федерација на Македонија беа врачени награди во повеќе категории.

Покрај сениорските награди за Ивановски и Ислами, за најдобри младинци награди им беа доделени на Мелиса Димитриоски и Владимир Битољану, а кај помлади младинци беа наградени Лина Исени и Брајан Авија. Во конкуренција на пионери, наградите им припаднаа на Ева Митевска и Дамјан Ѓоргиевски, додека кај помлади пионери признанија добија Тина Доневска и Парис Златановски.

„Навистина сум среќна и горда што можам да застанам исправено пред вас, да дискутираме за напредокот и успесите на атлетиката, спортот со кој што пораснав, спортот за кој што живеам, спортот кој што ме дефинираше како личност и спортот кој што сакам да го видам на највисокиот пиедестал. 2024 беше година на нови рекорди, нови таленти и извонредни спортски резултати. Им се заблагодарувам на сите македонските атлетичари кои продолжуваат да ја предводат атлетиката во регионалните и европските натпревари, што даваат тежина на самата федерација, што го уважувате спортот и сигурна сум дека заеднички ќе продолжиме да креираме една убава заедничка приказна за атлетиката. Оваа вечер е прилика да ги наградиме најуспешните во сите категории,“ истакна претседателката на федерацијата, Александра Војнеска Зикова.

ПретходноПеп сега се плаши и од Евертон: Тие не се идеален противник за нас во овој момент
СледноРистовски потпиша за Кавала