Вчера во дербито во АБА лигата, во “Штарк Арената“ во Белград, Ц. Звезда го победи Партизан во една драматична завршница, но сето како да падна во сенка на се она што се случуваше во одредени моменти за време на мечот, но и по него. Имено за првпат се случи фанови на Ц. Звезда да скандираат против претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Имено тие извикуваа навредливи зборови, а се слушаше и она популарното – „Вучиќ пе*ер“.
Да потсетиме дека во Арената немаше фанови на Партизан, тие 12.000 беа сите за “црвено – белите“.
Ова навистина е шокамнтно, ако се знае дека досега само фановите на Партизан не можеа да смислат претседателот на Партизан поради фактот дека тој, како и самиот што кажува е голем фан на Ц. Звезда.
Ова доаѓа веројатно поради актуелните протести на младината кај нашиот северен сосед, пред се на студентите поради страшната трагедија која се случи во Нови Сад.
Evo vam #gotovje 🔴⚪️❤️ pic.twitter.com/cWIpqSjhLG
— Daniel Bukumirovic (@bukumir) December 23, 2024
Evo ih i moji znaš ti dobro koji!❤️🤍 pic.twitter.com/JtnPtLPPZd
— Vladimir Stimac (@stimac15) December 23, 2024