Она што се најавуваше од вчера е и официјално. Легендарната велосипедска трка, веројатно втората најспектакуларна во светот во овој спорт, „ Џиро Д`Италија“ во 2025 ќе стартува во Албанија, каде ќе се возат првите три етапи.
Познато е дека Италијанците во последно време “дозволуваат“ дел од нивната легендарна трка или етапа да се одржи во некоја друга земја, ама ретко кој се надеваше дека тоа ќе биде Албанија.
Секако дека ова за нашоиот западен сосед е голема работа. Првите три етапи ќе се возат од 9 до 11 мај. Првата етапа ќе се вози од Драч до Тирана, потоа главниот град на Албанија ќе се биде домаќин на втората, а третата ќе биде брдска и ќе почне и заврши во Валона.