Во текот на изминатиот летен преоден рок Манчестер Сити го продаде Жоао Кансело во Саудиска Арабија за 25 милиони евра и тоа во тимот на Ал Хилал. Познато е дека претходно Португалецот одигра една сезона во Барселона и тоа како позајмен играч.
Во каталонскиот гигант одигра навистина одлично, но по наредба на Сити мораше да си замине.
Сепак по само шест месеци минати во Саудиска Арабија на Кансело очигледно е дека не му се седи таму, му здодеа во Ал Хилал па побарал од неговиот менаџер по секоја цена да го “извади“ и да му овозможи трансфер во Барселона.
Сепак за ова се прашува и Ал Хилал.
Инаку Кансело со Ал Хилал има договор до 2027 година и најмалку 15 милини евра по сезона, што секако дека е проблем и за него, но и за Барселона ако каталонците посакаат да го вратат.