Капитенот на јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија, Никола Јаничиќ, ја доби ексклузивната и престижна покана за учевство на деветтото издание на кампот „Кошарка без граници“. Ова е сериозен камп за младински категории организиран од страна на НБА и ФИБА во рамки на програмата за голбален развој на млади кошаркари.
За оние кои што Никола Јаничиќ не го познаваат доволно како кошаркар, тоа е момче кое ја стартуваше својата кариера во тимот на Водно Санс од Скопје. Како капитен ја одведе својата генерација до златниот медал на Европското првенство Б дивизија, кое минатото лето се одигра во Скопје.
Тој беше прогласен и за најкорисен играч на првенството (MVP). Годината претходно (2023 година), тој беше прогласен за најдобар млад играч од страна на КФСМ на наградите за најдобрите од 2023 година.