Партизан вчера во дербито во АБА лигата доживеа пораз од својот вечен ривал, Ц. Звезда со 89:84. Четата на стратегот Жељко Обрадовиќ во поголемиот дел од мечот имаше водство, но во последната четвртина одигра лошо, имаше грешки, а и судиски пропусти на штета на Партизан, и токму затоа Ц. Звезда се радуваше.
По меот тренерот на “црно – белите“ беше гневен на судиите и општо на целата организација на оваа средба.
Па така, покрај другорто, најтрофејниот тренер во историјата на Евролигата, даде интересен коментар:
“Тоа е така затоа што оваа АБА е несериозна лига. Позади нашата клупа има ограда, а на мечевите во Евролигата истата ја нема. Постојат двојни аршини. Имено мене кога ме навредуваат мечот не се прекинува, во спротивен случај тоа веднаш се случува. Среќа што оваа АБА лига не значи ништо за Евролигата“ посочи Обрадовиќ.