Пех за Барса, пауза за Феран Торес

126

Тимот на Барселона шокирачки доживеа пораз во речиси добиен меч. И тоа против директниот ривал Атлетико Мадрид. Иако Барса имаше водство во поголемиот дел од мечот, на крај остана со празни раце затоа што прими гол во последните секунди и ги загуби трите бода.

Освен тоа, дополнителен пех за Барса е и повредата на Феран Торес кој доби удар во мускулот и не се знае точно колкава пауза ќе има.

„Феран Торес мечот го заврши со проблеми во мускулот. Се работи за повреда за која е потребна магнетна резонанса за да се открие тежината на истата. Не се работи за нешто сериозно, но ќе треба извесен период тој да закрепне“ – се вели во официјалното соопштение на клубот.

 

ПретходноСуетите на страна, Омерагиќ, Пандев и Милевски во отворен и конструктивен разговор
СледноГорига верен на Вардар