Потпишаа договор на три години, ама по осум меча му врачија отказ!

362

Рубен Аморим не може да се пофали со којзнае какви резултати на почетокот од својата тренерска кариера во Манчестер Јунајтед. Ако неговиот некогашен клуб, Спортинг Лисабон блескаше под негово водство, Јунајтед е далеку од тоа.

Сепак, ако е за некаква утеха за овој португалски стратег, тогаш и на Спортинг никако не му оди.

Имено на последните осум меча има само три победи. Уште поинтересно е тоа што наследникот на Аморим на клупата на овој гигнт од Лисабон, по осум средби веќе доби отказ.

Станува збор за Жоао Переира, кој дојде од вториот тим на Спортинг, и потпиша тригодишен договор,но следуваше шок. Вчера по ремито со Жил Висенте, раководството на клубот по само осум меча му врачило отказ.

ПретходноНеверојатно: Партизан на име на некролози има долг од 7.000 евра!
СледноЛегендарната „Џиро Д`Италија“ во 2025 ќе стартува во Албанија! (ФОТО)