Вардар продолжува со интензивно трагање по нови засилувања оваа зима. По досега објавените четири нови имиња кои потпишаа со „црвено-црните“, на повидок е и петтото, кое овој пат ќе биде на голманската позиција.
Како што дознава „СпортСпорт“, скопскиот гигант е во завршна рунда преговори со екипата на Борац Бања Лука и нашиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски. Според најавите, Шишковски би се преселил на голот на Вардар на позајмица на шест месеци, откако го загуби првотимскиот статус во редовите на босанскиот првак.
Вардар се надева дека трансферот ќе биде затворен до Нова година. Шишковски е стандарден репрезентативец на Македонија и со доаѓањето во Вардар ќе се обиде да си го спаси и местото во националниот тим.