Познато е дека за време на католичкиот Божиќ и тоа како се играат натпреари во НБА лигата. Обично тоа се дерби средби, а една од нив утрото на 26 декември или вечерта на 25 декември, Денвер патува во Аризона каде ќе му гостува на Феникс, тим со кого Нагетси играа утринава на свој терен и славеа со 117-90.
На прашањето на новинарите по овој меч, каккво е чувството да се игра на Божиќ, дали кај него има емоции на натпревар за време на така голем празник, Никола Јокиќ, најдобриот кошаркар во светот беше сосема кус:
„Тоа не е мој Божиќ, па така за мене ќе биде само еден обичен натпревар“ посочи Јокиќ.
Инаку тој е православен Србин, а тие го слават Божиќ на 7 јануари.
Интересно е што ова прашање на Јокиќ во САД му го поставуваат веќе неколку години и секогаш добиваат ист одговор.