Ван Нистелрој: Ливерпул е доминантна сила

244

Менаџерот на Лестер, Руд ван Нистелрој го опиша Ливерпул како доминантна сила во англискиот фудбал оваа сезона. В четврток во рамките на 18. коло на Премиер лигата токму „лисиците“ ќе се сретнат со лидерот на табелата и тоа на гости на „Енфилд“.

„Јасно е кој е доминантна сила на овој натпревар. Разбирам како Арне Слот сака неговиот тим да игра. Тие се доминантна сила и во Лигата на шампионите. Имаат прекрасна серија. Лестер мора да игра многу компактно, мора да биде подготвен за она со што ќе се соочи. Мора да бидеме подготвени. Ова не е лесна задача за нашиот тим, но одлична шанса да се развиеме во сите области од играта“, изјави тренерот на Лестер.

ПретходноБатум повеќе не е сопственик на АСВЕЛ
СледноШвајцарска олимпијка во сноуборд загина од лавина