Макс Верстапен откри со кој тим преговараше за евентуален трансфер!

556

Макс Верстапен со Ред Бул во изминатите четири сезони беше светски првак во Формула 1. Сепак во текот на оваа 2024 година не беше се така идеално за него, а не и за самиот тим. Годината почна со скандалот поврзан со Кристијан Хорнер по кој се “вмеша“ и таткото на Макс со свои изјави, за да продолжи со најавеното заминување на Адриан Њуи а и формата на Холанѓанецот не беше баш на нивото. Верстапен се “извади“ на последните неколку трки за тоа заслужено ја освои новата титула.

Инаку во текот на изминатите месеци се шпекулираше дека тој е во интензивни преговори со Тото Волф, со цел да направи трансфер во Мерцедес.

По се ова еве Макс што изјави на оваа тема:

Големите тимови секогаш се заинтересирани, но и мојот сегашен тим е голем. Ред Бул е моето семејство, секогаш разговараме отворено и искрено и сега не можам да лажам дека имац разговори со Мерцедес и Тото Волф. Тоа беа конструктивни разговори, од друга страна јас сум лојален член на Ред Бул и тука се чуствувам како во мојот дом“ посочи Верстапен.

ПретходноКонте тргнува по ѕвездата на Астон Вила!
Следно„Бомба“ од Истанбул: Де Брујне потпишува за Фенербахче?!