Никола Јаничиќ на НБА тренинг камп

137

Капитенот на јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија, Никола Јаничиќ, ја доби ексклузивната и престижна покана за учевство на деветтото издание на кампот „Кошарка без граници“. Ова е сериозен камп за младински категории организиран од страна на НБА и ФИБА во рамки на програмата за голбален развој на млади кошаркари.

За оние кои што Никола Јаничиќ не го познаваат доволно како кошаркар, тоа е момче кое ја стартуваше својата кариера во тимот на Водно Санс од Скопје. Како капитен ја одведе својата генерација до златниот медал на Европското првенство Б дивизија, кое минатото лето се одигра во Скопје.

Тој беше прогласен и за најкорисен играч на првенството (MVP). Годината претходно (2023 година), тој беше прогласен за најдобар млад играч од страна на КФСМ на наградите за најдобрите од 2023 година.

ПретходноНе му се седи во С. Арабија: Кансело сака да се врати во Барселона!
СледноМанчестер Јунајтед веќе стапил во контакт со Осимен