Суетите на страна, Омерагиќ, Пандев и Милевски во отворен и конструктивен разговор

738

Како што и самиот претседател на Фудбалската Федерација на Македонија, господинот Масар Омерагиќ кажа во своето првично обраќање по неговиот избор, потезите кои ги влече се во апсолутно таа насока.

Суетите, личните интереси, и несогласувањата помеѓу поедини личности ќе мора да се одстранат, и да се работи колективно, заеднички и сплотено во интерес на македонскиот фудбал.

Па така, еден од првите чекори на Масар Омерагиќ како претседател е што седна на маса заедно со селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски и спортскиот директор на националните селекции, Горан Пандев.

Тема секако моменталните збиднувања во и околу репрезентацијата, односите на поединци, и атмосферата како колектив, како и што може да се поправи во моментов, кога станува збор за тимскиот дух, работата, и се останато.

„Имавме отворен и пред се искрен разговор. Претседателот на федерацијата ја повтори искажаната поддршка за работата на А македонската репрезентација. Со Горан се согласивме дека репрезентацијата секогаш треба да биде над сите нас. Тоа е национален интерес и секогаш ќе биде во прв план. Сите треба да се ставиме во функција на тоа и на Македонија. Се надевам дека ќе имаме добра соработка во интерес на тимот, но и на сите кои ја поддржуваат македонската репрезентација,изјави селекторот на А репрезентацијата, Благоја Милевски.

„Драго ми е што отворено разговаравме за тоа што може да биде подобро во иднина и дека заедно ќе се стремиме да одиме напред кон нови победи“, изјави Горан Пандев па додаде.

„Заедно со претседателот Омерагиќ ни беше важно да разговараме отворено со селекторот за сите теми и му благодарам што го сфати она што го сметаме за правилно, а тоа е дека како мала држава мораме да се потпреме на сите расположливи сили и фудбалерите кои имаат квалитет мора да помогнат и со настапи во репрезентацијата. Секако, доколку тоа го заслужуваат. Верувам дека ги решивме сите такви прашања и се радувам на новите предизвици“,  – рече Пандев.

Враќањето на Ристовски и Адеми како приоритет

Секако, во прв ред кога станува збор за А репрезентацијата е седнување на маса, и враќањето на Стефан Ристовски и Аријан Адеми во неа. Тоа претседателот Омерагиќ исто така го најави во своето излагање, а потоа и го повтори на средбата со медиумите. И не само за нив двајца, туку и за сите оние кои периодов биле изоставени од било каква причина, а имаат желба, но првенствено квалитет да бидат дел од нашата најдобра селекција.

 

 

ПретходноСпортот како мост за единство: ЕМОФ Скопје 2025 ја поврзува Македонија со Европa
СледноПех за Барса, пауза за Феран Торес