Голманот Ганем Махајна добил отказ од израелскиот клуб Хапоел Беит Шеан, откако навивачите биле лути кога дознале дека тој играл во палестинската лига и побараа да го напушти клубот.
Махајна (33) минатата недела потпиша договор со Хапоел, но неколку дена подоцна доби отказ без да одигра ниту еден натпревар. По бранот бес на социјалните мрежи поради неговите претходни настапи во палестинската лига и откритието дека тој настапувал за палестинската репрезентација во 2017 година, клубот потклекна на притисокот и му врачи отказ.
Неговото отпуштање дошло и покрај првичната поддршка, кога од клубот изјавиле дека „веруваат во вистински соживот“, а дека незадоволните навивачи не ни мораат да доаѓаат на натпреварите.