Ова се дел од рекордите што Новак во 2025 може да ги урне!

621
Фото: Novak Gjokovic/Instagram

И повеќе од јасно е дека Новак Ѓоковиќ во 2025 година ќе има и тоа како мотиви уште еднаш да покаже и докаже дека е најдобриот тенисер во историјата. Има мотив повеќе и поради соработката со новиот тренер Енди Мареј.

Новак е најолем во историјата, тоа е јасно, но пред него во оваа 2025 година што доаѓа има неколку рекорди што може да ги урне, а тие се:

-Србинот е на чекор до 100 освоени титули во кариерата, тој засега има 99 и му недостига само еден за да ја заокружи таа бројка од 100 трофеи.

-Засега има 24 гренслем трофеи и со тоа е апсолутен рекордер во машка конкуренција. Севкупно и Маргарет Корт има исто така 24, па така секој нареден освоен турнир од четирите најголеми, Австралија Опен, УСА Опен, Ролан Гарос и Вимблдон, ќе го направи апсолутен рекордер со 25 пехари.

-Може да дојде и до троен Златен мастер. Имено сите турнири од оваа серија ги има освоено макар по трипати, му недостига само Монте Карло на кој триумфирал двапати. Јасно е дека оваа сезона планира да настапи и на овој турнир како подготовка за Ролан Гарос.

-Во случај да го освои споменатиот Ролан Гарос, тој ќе биде четврти за него, и со тоа ќе стане апсолутен рекордер, односно ќе биде првиот кој триумфирал на сите гренслемови најмалку по четири пати.

-Досега само од играњето на турнирите Новак во својата кариера има заработено 185 милиони долари. До крајот на 2025 лесно би можел да ја достигне сумата од 200 милиони.

ПретходноКаков финиш на 2024 година за Кожув – падна и Чаир
СледноДарко Чурлинов стана грчки зет