Еден од најдобрите стрелци во тимот на Бутел Скопје, Дамјан Субашевски, ја продолжи верноста со овој клуб. Левото крило кое имаше договор до крајот на оваа сезона, потпиша нов на уште две сезони и ќе остане најмалку до 2027 година.
Младинскиот репрезентативец имаше одлични настапи за Македонија на Европското првенство во Словенија, а сезонава се промовира како еден од лидерите на составот предводен од Горан Кузманоски.