Македонскиот репрезентативец и интернационалец Дарко Чурлинов се жени. Напаѓачот ја искористи паузата во европскиот фудбал, поточно во Полска, каде што во моментов настапува за тимот на Јагиелонија, за да ја побара за сопруга неговата девојка. Нејзиното име е Филипа и е од Грција. Веќе извесен период Чурлинов е во врска со неа, а истата нашиот репрезентативец реши да ја одведе на сосема друго ниво.
Периодов на Чурлинов му се случуваат само добри нешта. По проблемите кои ги имаше во Англија, со неиграњето во Барнли, па здравствените проблеми кои за среќа не оставија премногу последици, еве сега животот на нашиот интернационалец оди во добра насока.
Заигра конечно како што треба, како што сите очекуваме, има полна минутажа во Послка, а и во дресот на Македонија почна да ги покажува игрите кои се рамни на неговата репутација.