Екипата на Кожув оваа 2024 година ја завршува на најдобар можен начин. Гевгеличани ја запишаа четвртата победа во низа, откако на домашен терен дојдоа до убедлива победа против Чаир од 86-63 во меч од 12-то коло во Првата лига.
За кошркрите на Кожув ова е осма победа, имаат и четири порази, додека пак Чаир го запиша петтиот пораз, вкупно четвртти во низа, има и седум победи.
По првата четвртина која заврши со 15-18 во корист на гостите, домаќинот следниот период го доби со 28-12 и на одморот водеше со 43-30. Кожув успеа да ја задржи позитивата иако во последниот период гостите го подигнаа нивото на игра.
Пилепиќ со 23 поени беше прв стрелец кај победникот, зад него беше Вилсон со 17 поени, додека 15 поени имаше Главчев. На другата страна Мофит запиша 27 поени.