Иако наскоро, на 5 февруари, ќе наполни 40 години, сепак Кристијано Роналдо ни на сон не помислува да стави крај на својата блескава кариера која трае ли трае и повеќе од две децении.
Португалецот игра во Ал Наср во С. Арабија со таа младешка жар што се вели, како да има 20 а не 40 години. Секако дека негов приоритет е настап на СП 2026 кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Тогаш ќе има 41 година и секако дека ако нема повреда, тоа за Роналдо ќе биде последно СП.
Од друга страна тој не крие дека до крајот на својата кариера има две цели. Тоа го кажал на своите блиски пријатели.
Првата е да дојде до постигнати 1000 голови, сега има 910 и тоа на 1247 мечеви. За ова веројатно ќе му бидат потребни барем уште три сезони играње професионале фудбал.
Втората била, ја позајмил од Леброн Џејмс, а тоа е да настапи барем на еден официјален меч заедно со својот син Роналдо Јуниор кој сега има 14 години и е член на младинската академија на АЛ Наср. Велат дека е голем талент.
Ова со Леброн е споредбава зошто и кошаркарот на Ла Лејкерс си дочека да заигра заедно со својот син Брони Џејмс.
Од ова произлегува дека Роналдо ќе почека барем уште две години да заигра заедно со својот син.