Македонската ракометна репрезентација ја минува првата фаза од подготовките за настапот на СП. Нашиот Филип Кузмановски од Стара Пазова ја пренесува атмосферата во машката ракометна репрезентација.
„Расположението и мотивацијата се на највисоко ниво. Пред нас е уште едно големо првенство. Сите знаеме колку беше тешко да дојдеме до него и колку сите напорно работиме за да бидиме дел од овој колектив. Од прв ден почнавме со анализа на нашите противници. Ќе се соочиме со квалитетни репрезентации, мораме да бидеме добро подготвени, и физички и тактички. Ќе имаме доволно време да се спремиме до стартот на првенството. Во следниот период ќе одиграме и контролни натпревари на кои ќе можеме да го пробаме сето она што го подготвуваме за нашата група“, вели Кузмановски.
Македонија денеска ќе има тренинг- меч со Нови Београд.