Мигел Еспиња Фереира и Вардар 1961 ја продолжија соработката на уште две години!

109

Вардар 1961 продолжува со договарање на играчи кои ќе донесат дополнителен квалитет во тимот.

Голманот Мигел Еспиња Фереира (30) ќе го продолжи престојот во Скопје како член на Вардар, до јуни 2027 година.

„На големо задоволство на двете страни, клубот и Еспиња ги договорија условите за негово останување со што Вардар ќе задржи уште еден важен член во тимот“, соопштија од Вардар 1961. 

Актуелниот договор на португалскиот интернационалец беше со важност до крајот на оваа сезона, но се активираше клаузулата за останување уште најмалку две. Еспиња дојде летово во Вардар и заедно со Васил Гогов го сочинуваат голманскиот тандем.

„Со искуството што го поседува Еспиња ги потврди квалитетите, и во иднина повторно ќе биде еден од столбовите во клубот“, се вели во соопштението на „црвено-црните“. 

ПретходноДржавна лотарија се придружува на глобалната кампања за подигање на јавната свест за ризикот од вклученост на младите под 18 години во игрите на среќа
СледноКристијано Роналдо има уште две цели до крајот на кариерата! Првата е да дојде до 1000 голови, а втората е…