Работнички водеше со 15 поени разлика, па на крајот загуби од Феникс!

91

Изненадување во последното коло од оваа година во Првата лига. Феникс на домашен терен го совлада Работнички со 73-71 во драматична завршница. Избраниците на Денис Дервишевиќ дојдоа до четвртата победа оваа сезона, имаат и 8 порази, додека пак Работнички го запиша петтиот пораз.

Димитриев имаше 17 поени кај победникот, каде Бертранд запиша 14 поени. Кај Работнички Шошкиќ имаше 16 поени, додека Ефремовски 15.

Избраниците на Горан Самарџиев овој дуел можеа да го решат многу полесно, водеа со 15 поени разлика, но му дозволија на противникот да се врати резултатски.

Феникс беше подобар во првата четвртина (16-14) по која гостите го подигнаа нивото со серија од 14-2 поведоа со двоцифрени 21-31 , а пред крајот на првото полувреме имаа и плус 12 (29-41). За кошркарите на Работнички не беше доволна ниту предноста од 15 поени (33-48) на стартот на третата четвртина, па домашниот тим полека, но сигурно притискаше, дојде на минус 4 (47-51), а веќе од 35-та минута успеа и да го превземе водството. На две минути до крајот Феникс водеше со 66-60. На другата страна „црвено-белите“ се обидуваа да се вратат. На 13 секунди до крајот при 70-65, Шошкиќ реализираше од линијата за слободни фрлања за 70-67, на другата страна Феникс врати на ист начин, но на седум секунди до крајот Робев постигна тројка за 72-70.

Се продолжи по принципот брзи лични грешки, Шошкиќ повторно одговори со едно слободно фрлање од две за голема радост во редовите на Феникс.

ПретходноКристијано Роналдо има уште две цели до крајот на кариерата! Првата е да дојде до 1000 голови, а втората е…
СледноРубен Аморим во очај: Да знаев дека е така јас лично ќе го решев и тој проблем!