Се чини дека Елиф Елмас заврши со Лајпциг. Денеска “Билд“ пренесува дека македонскиот репрезентативец сака да се врати во Италија и таму да ја продолжи својата кариера со оглед на тоа дека и нему му е јасно дека од Марко Розе тешко дека и во блиска иднина ќе добие адекватна шанса. Уште се пренесува дека Дијамантот и Розе не се согласуваат најдобро.
Раководството на Лајпциг веројатно ќе го пушти Елмас да си оди, но сепак чека некоја конкретна понуда со цел барем дел од тие 24 милиони евра кои ги даде за трансферот на Елмас минатиот зимски преоден рок да си ги врати. Името на клубот од Италија засега се држи во тајност.
Од друга страна информациите од Турција велат дека Фенербахче и Галатасарај и натаму се силно заинтересирани за македонскиот офанзивец, но и два турски гиганти повеќе посакуваат да го добијат како позајмен играч што на “биковите“ од Лајпциг не им се допаѓа тоа како варијанта. Но и за тоа би можеле да преговараат.
Сепак сеуште нема дефинитивна одлука за судбината на Елмас.