Некогашната ѕвезда на Челзи се врати дома и потпиша за Сао Паоло

136

Поранешниот фудбалер на Челзи, Бразилецот Оскар го напушти кинескиот шампионат и кариерата ќе ја продолжи во својата татковина. Сао Паоло утрово го објави договор со 33-годишниот играч од средниот ред. Договорот важи до крајот на 2027 година.

Оскар е дете на Сао Паоло и се враќа во тимот кој го напушти во 2010 година. Оскар подоцна играше за Челзи и Шангај Порт. За репрезентацијата на Бразил одигра 48 натпревари.

Во последното кинеско првенство, играчот од средниот ред постигна 14 гола и направи 20 асистенции (најмногу во лигата) на 29 натпревари.

ПретходноРаботнички најдоцна до октомври ќе се врати во својот храм (ФОТО)
СледноЈапонец кој до лани играл во Албанија е најдобар стрелец во првиот дел од сезоната 2024/25