ОФМ денеска го затвора конкурсот за нови селектори

116

Денеска истекува рокот за доставување на апликации за селекторските места во машката и женската одбојкарска репрезентација на Македонија. Одбојкарската федерација на 12 декември го објави конкурсот за избор на селектори на машкиот и женскиот сениорски национален тим, откако беше избрано и новото раководство.

Според информациите, повеќе странски тренери пројавиле интерес за селекторските места, а во последните денови се очекуваа и пријави од домашните тренерски имиња. Од ОФМ најавија дека транспарентно ќе бидат разгледани сите пријави, по што до Нова година очекуваат да ги објават новите национални селектори.

Машкиот сениорски тим последен го водеше Хари Наковски, додека селектор на дамите беше Србинот Стефан Пауновиќ. Машката и женската одбојкарска репрезентација на Македонија веќе во мај ги очекуваат настапите во новите изданија на Златната и Сребрената лига на ЦЕВ.

ПретходноРомано тврди: Салах, Конате, Трент ќе останат „црвени“
СледноРакометарите денеска ќе имаат тренинг-меч со Нови Београд