Австралија Опен без Симона Халеп

103

Иако доби специјана покана да биде дел од првиот Гренд Слем во 2025 година Австралија Опен, сепак, романката Симона Халеп ќе го пропушти престижниот турнир.

Причината за тоа е повреда на коленото но и на рамото, со кои што Халеп се здоби за време на подготовките за турнирот.

Инаку з апотсетување, Халеп во моментов е на опашката од ВТА листата затоа што издржува казна од девет месеци поради користење допинг. Првично беше суспендирана на четири години, а по жалбата суспензијата беше намалена.

Таа е некогашен рекет број еден во светот, а има освоено 24 ВТА турнири.

 

ПретходноЈамал се дружеше со лавови во Дубаи (ВИДЕО)
СледноЛиверпул не застанува и продолжува да гази