Косовски Феризај денеска и официјално го претстави Антонио Илиески како свое ново засилување. 28-годишниот македонски фудбалер ќе биде засилување за централната дефанзивна линија на косовскиот прволигаш.
Антонио Илиески до неодамна беше дел од Воска Спорт, а претходно настапуваше и за Ренова, Фламуртари и Валона, Кукс.