Димитар Тодоровски е најновото засилување на Вардар!

954

И официјално, Димитар Тодоровски (22) е нов член на Вардар. Раководството на нашиот најтрофеен клуб и дефинитивно не се шегува оваа зима. По Михал Пинтер, Ѓорѓие Јанкулов, Михаил Маневски и Мите Цикарски, Вардар се посилен за еден од нашите најдобри млади играчи, капитен на младата репрезентација на Македонија и досегашен член на Брера Струмица.

Секако дека со Тодоровски во средниот ред стратегот на “црвено – црните“ Гоце Седлоски ќе има и тоа опција повеќе и тоа квалитетна, во линијата за врска.
Инаку Тодоровски е дете на Работнички. Како многу млад, со 16-17 стана дел од првиот тим на клубот од Дебар Маало. Во следните пет години беше еден од најдобрите во Работнички а во изминатиот летен преоден рок се реши да ја прифати понудата на Брера Струмица и да направи трансфер во тој клуб.
Сепак, еве по само шест месеци се враќа во Скопје, но сега во Вардар.

ПретходноДурент: Јокиќ е најдобриот играч во светот и во Топ 10 на сите времиња
СледноПеп: На крајот не знам дали ќе бидеме и во ТОП 4