Далас Маверикс загуби во натпреварот против Минесота, во кој Лука Дончиќ се здоби со повреда на мускулот на потколеницата на левата нога. Првите прогнози се дека до шест недели ќе биде надвор од терените.
Словенецот и по нешто друго се најде во центарот на вниманието. Како и минатата година, Дончиќ и овојпат за Божиќ им подари подароци на соиграчите. Тој минатата година им купи скапи електрични велосипеди на сите соиграчи, тренери и вработени во клубот, а годинава подароците на две тркала ги замени со подароци на четири тркала. Целиот тренерски штаб и сите соиграчи добија картинг тркачки автомобили.
Американските медиуми не ја наведуваат сумата на персонализираните подароци на Дончиќ, но нивната почетна цена на веб-страницата на компанијата од која се купени е 2.000 долари. Тие развиваат брзина од околу 50 километри на час. Некои од нив ги пробаа веднаш.
Luka is spreading Christmas cheer once again 🎁🎅
This year, he gifted @Segway Gokarts to the team and basketball staff. Just call him Luka Claus!@luka7doncic // #MFFL pic.twitter.com/iQrv5ZXriS
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) December 25, 2024