Енис Барди заминува во Башакшеир

1521

Македонскиот репрезентативец и интернационалец Енис Барди ќе ги промени клупските бои. Зимава ќе си замине од Трабзонспор каде што е во немилост на тренерот Шенол Ѓунеш, но интересно е што нема да ја промени лигата.

Енис Барди ќе замине во Башакшеир, клубот од Истанбул кој што е супер амбициозен и секогаш во битка за највисок пласман.

Енис Барди не е среќен во Трабзон. Проблемите на резултатски и играчки план, управата но пред се стручниот штаб ги сведе на неколкумина високо платени странци како на пример хрватот Оршиќ, но и нашиот Барди. Тие веќе и да не се дел од тимот што се вели одамна не се во стројот и минутажа за нив е мисловна именка што се вели.

Барди очигледно дека добива одврзани раце за да си замине од таму, а изборот паѓа токму на Башакшеир. Мора да се напомене дека се до овој момент, Барди вакви проблеми и немал во кариерата. Каде и да играше досега, Ујпешт, Леванте, и до неодамна Трабзон секаде имаше статус не само на првотимец, туку и на главен играч. Сепак, Турција и клубовите таму се препознатливи по вакви неконвенционални и во најмала рака шокирачки потези, па ова и никого не изненадува.

 

ПретходноЕлиф Елмас се враќа во Италија и ќе игра за Фиорентина
СледноМаршан е „Спортист на Европа“ за 2024 година