Заре Марковски повеќе не е тренер на Пистоја

107

Македонскиот кошаркарски стручњак Заре Марковски по неполни два месеци си замина од клупата на италијанскиот прволигаш Пистоја. За многу кратко време италијанскиот тим по третпат го менува тренерот.

По турбулентното збогување со тренерот Данте Калабрија и доаѓањето на Заре Марковски, сега на ред дојде тренерот Гашпер Окрон кој ќе се обиде да го води тимот на Тоскана кон спас во елитата на Италија.

„АС Естра Пистоја Баскет 2000 објавува дека Заре Марковски повеќе не е тренер на првиот тим. Во исто време се работи на постигнување консензуално решение за договорот со тренерот. Нов тренер на тимот ќе биде Гашпер Окорн, актуелен селектор на унгарската репрезентација“, се вели во клупското соопштение.

ПретходноВембањама со нов уникатен рекорд во НБА лигата
СледноНеверојатно: Манчестер Сити е најслабиот тим во Премиерлигата во последните два месеци!