Маршан е „Спортист на Европа“ за 2024 година

47

Францускиот пливач Леон Маршан е прогласен за најдобар спортист во Европа во традиционалниот избор на новинските агенции. Изборот по 67-ми пат беше организиран од Полската национална агенција (ПАП).

Маршан (22) на Олимписките игри во Париз освои пет медали, од кои четири златни и една бронза. Францускиот пливач доби вкупно 155 поени. Второто место во изборот за најдобар спортист на Европа му припадна на словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар (148 поени), а третото место му припадна на шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис, кој освои 142 поени.

Италијанскиот тенисер Јаник Синер е на четвртото место со 113,5 бодови, додека актуелниот светски шампион во Ф1 Макс Верстапен (71) го освои петтото место.

ПретходноЕнис Барди заминува во Башакшеир
СледноФрансоа Летесие е најдобриот судија за оваа година