Ракометарите дадоа 85 гола на првиот тест-меч во Стара Пазова

618

Македонската машка ракометна репрезентација го одигра првиот пријателски натпревар во рамките на подготовките за Светското првенство 2025 година. Кирил Лазаров и неговите избраниците одиграа контролен меч против РК Нови Београд и запишаа победа од 85-44.

По договор на двајцата тренери натпреварот се играше 90. минути, поточно 3х30 минути. Во регуларните 60 минути беше 55-28 (27-11).

Македонија ќе одигра уште два натпревара за време на престојот во Србија. Тие се закажани на 27 и на 29 декември, со Динамо Панчево и селекцијата на Саудиска Арабија.

Нашите ракометари на Мундијалот ќе играат против Унгарија (15-ти јануари), Холандија (17-ти јануари) и Гвинеја (19-ти јануари).

ПретходноМурињо ја напушти Турција со пет куфери: Немам стопер, немам лев бек…
СледноДончиќ повторно ги изненади своите соиграчи и тренери за Божиќ (ВИДЕО)