Спортинг (Л) повторно го смени тренерот, сега го назначи Руи Борхес

119

Португалски Спортинг го објави назначувањето на португалскиот стручњак Руи Борхес на местото главен тренер на тимот.

Клубот претходно го објави отказот на Жоао Переира, кој го замени Рубен Аморим, кој, пак, замина во Манчестер Јунајтед. Во моментов Спортинг е на второто место во португалскиот шампионат со 37 бодови. Водечката Бенфика има 38 бода. Првата тројка ја комплетира Порто (37 бодови).

Во следниот натпревар од домашното првенство, лисабонскиот тим ќе ја пречека Бенфика.

ПретходноСерхио Рамос доби неочекувана понуда!
СледноАнтонио Илиевски потпиша за косовски Феризај