Стигна уште една потврда зошто ракометот е спорт број еден во Македонија

1204

Ракометот со години е спорт број еден. Низ годините наназад македонската машка ракометна репрезентација е единствена која редовно учествува на големите натпреварувања, па оттука не е ништо чудно што дел од вчерашните награди за најдобрите отидоа во нивни раце.

Машката сениорска ракометна репрезентација е прогласена за најдобра, бидејќи во 2024 година настапи на Европското првенство на кое го освои 17. место, додека на стартот на 2025 година ќе биде дел од Светското првенство.

Награда доби и женската ракометна репрезентација која две години по ред е учесник на Европските првенства, на последното 2024 година заврши како 18-та.

Признание доби Кирил Лазаров, овој пат како тренер на годината, тој е предводник на нашиот најдобар национален тим.

А наградата за најдобра млада спортистка отиде во рацете на Ива Младеновска која на ЕП 2024 година се најде во фокусот на ЕХФ.

Министерството за спорт ги награди и нашите најдобри судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

ПретходноЛидерот во Серија А е заинтересиран за напаѓач на Ливерпул
СледноФлик нема дилеми кој играч од средниот ред ќе го испрати на позајмица