Флик нема дилеми кој играч од средниот ред ќе го испрати на позајмица

258
Фото: Барселона/Твитер

Гави и Френки Де Јонг излегоа од тешки повреди, а тоа значи поголема гужва во средниот ред на Барселона.

Тренерот Ханси Флик ќе испрати на позајмица еден од играчите од средниот ред, а според шпанските медиуми тоа ќе биде Пабло Торе (21), кој може да игра и на левaта крилна позиција.

На седум натпревари одигра само 248 лигашки минути, а не настапи на последните пет натпревари. Како што истакнува каталонскиот „Спорт“, не би требало да има проблем да се најде клуб во кој Торе ќе го помине вториот дел од сезоната.

Барса претходно го испрати Торе на позајмица, па минатата сезона го носеше дресот на Џирона.

Тој е под договор со клубот и за следната сезона. Во оваа и покрај малата минута постигна два гола за Севиља (одигра 14 минути), а против Виљареал беше стрелец и асистент (играше 59 минути).

ПретходноСтигна уште една потврда зошто ракометот е спорт број еден во Македонија
СледноДурент: Јокиќ е најдобриот играч во светот и во Топ 10 на сите времиња