Вчера по јубилеен 70. пат Македонија ги избира најдобрите спортисти. На свечена церемонија која се одржа во Македонската опера и балет, Министерството за спорт ги додели наградите за најдобрите за годината која изминува.
На овој голем момент на одбележување на успесите на нашите спортисти беа присутни и Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Мицкоски ја додели наградата за најдобар спортист за 2024 година која му припадна на Бобан Илиоски (кик-бокс), додека пак дел од признанијата беа доделени од легенди во нашиот спорт.
Една од нив беше Горан Пандев. Новиот спортиски директор на сите македонски селекции оствари средба со Христијан Мицкоски, двајцата заедно се на иста линија – спортот.