Македонскиот кошаркарски стручњак Заре Марковски по неполни два месеци си замина од клупата на италијанскиот прволигаш Пистоја. За многу кратко време италијанскиот тим по третпат го менува тренерот.
По турбулентното збогување со тренерот Данте Калабрија и доаѓањето на Заре Марковски, сега на ред дојде тренерот Гашпер Окрон кој ќе се обиде да го води тимот на Тоскана кон спас во елитата на Италија.
„АС Естра Пистоја Баскет 2000 објавува дека Заре Марковски повеќе не е тренер на првиот тим. Во исто време се работи на постигнување консензуално решение за договорот со тренерот. Нов тренер на тимот ќе биде Гашпер Окорн, актуелен селектор на унгарската репрезентација“, се вели во клупското соопштение.