Ливерпул не застанува и продолжува да гази

210

Тимот на Ливерпул го затвори денешното Боксинг деј коло во Премиер лигата со победа на домашен терен над тимот на Лестер со конечни 3:1.

Лидерот на табелата во Премиер лигата немаше поголеми проблеми да стигне до нов триумф иако, гостите реално и покажаа заби што се вели. По само шест минути игра Ајев постигна гол за гостите, а до израмнување Ливерпул стигна преку Гакпо во судиското продолжение од првиот дел.

Џонс на самиот старт во 49. минута погоди за 2:1,  а каква би била оваа победа за тимот на Ливерпул ако нема удел на Мохамед Салах. Египќанецот постигна гол за 3:1, со што и го постави конечниот резултат.

Ливерпул во моментов има 42 бода од 17 мечеви, додека пак Лестер е во зоната за испаѓање со 14 бода.

 

ПретходноАвстралија Опен без Симона Халеп
СледноДетроит со поен плус до победа кај Сакраменто (ВИДЕО)