Струга ТЛ најголемите засилувања за напролет ќе ги има во Бојку и Шабани!

596

Актуелниот шампион, тимот на Струга ТЛ немаше добра есенска полусезона во ПМФЛ. По 18 кола четата на стратегот Ќатип Османи заврши на 5.место со -5 бода во однос на водечките Силекс, Шкендија и Работнички кои ќе презимат со 37 бода, Гостивар има 35 а Струга ТЛ само 32 бида.

Се разбира дека битката за титулата напролет ќе биде жестока, секако дека не смееме да ја отпишеме и Струга ТЛ посебно поради една работа. А таа е дека за пролетниот дел од сезоната Османи ќе може да смета на своите двајца најдобри поединци, а тоа се Буњамин Шабани и Бесмир Бојку. Познато е дека првиот го немаше во составот три месеци поради тешката повреда на рамото а вториот поради скршеница на коленото, здовбиена во април, го пропушти завршниот дел од минатата сезона и цела есенска полусезона од оваа тековна 2024/25 сезона.

На сите им е јасно дека без нив двајца Струга ТЛ не е таа шампионска Струга ТЛ, ама со нив двајца… е тоа е некоја друга приказна.

Сега и двајцата се фит, и двајцата едвај го чекаат стартот на подготовките, кој е закажан за 8 јануари, и конечно здрави и орни за работа му се стават на располагање на тренерот Османи.

Нема дилеми дека тие двајцата ќе бидат најголемите засилувања оваа зима за нашиот шампион.

Инаку што се однесува до зимскиот преоден рок засега Струга ТЛ остана без голманот Филип Дујмовиќ со кого беше раскинат договорот и Арби Воша кој е пратен на позајмица во Кавадарци.

Се планира само ангажман на едно до две екстра имиња за наши услови.

Како што веќе напоменавме, Струга ТЛ своите подготовки за пролетниот дел ќе ги стартува на 8 јануари, а се планира и двонеделни подготовки во Анталија и тоа од 15-16 до 31 јануари.

ПретходноДали знаете кој е најдобриот стрелец во Ла Лига за 2024, ако не се сметаат пеналите?!
СледноДончиќ ја напуштил салата со патерици: Се молам за брзо закрепнување на Лука (ВИДЕО)