Винисиус најдобар во 2024 според “Глоуб Сокер“! (ФОТО)

53

Доцна попладнево во Дубаи се одржа престижната манифестација на доделување на наградите на најдобрите во светот за 2024 “Глоуб Сокер“.

Битката за најдобар фудбалер во светот ја доби Винисиус Жуниор, на кого ова му е уште една утеха по поразот за “Златната топка“ од Родри ако се знае дека Бразилецот во дресот на Реал беше прогласен за најдобар според ФИФА и пред неколку дена.

Image

Ова се само дел од главните награди:

Ламине Јамал (најдобар млад играч), Џуд Белингем (најдобар играч за врска), Винисус Жуниор (најдобар напаѓач), Реал Мадрид (најдобар клуб), Карло Анчелоти (најдобар клуб), Кристијано Роналдо (најдобар фудбалер на Блискиот исток), Флорентино Перез (признание за успешна фудбалска и менаџерска кариера) кој беше наренчен и најдобар претседател на сите времиња.

Посебни признанија добија и Нејмар, Тибо Куртоа и Алесандро Дел Пјеро.

ПретходноВредноста на Мбапе паѓа ли паѓа!
СледноАморим прво му сврти грб на капитенот а потоа си призна: Јунајтед нема никакви шанси следната сезона да игра во Европа!