Иако тоа не е пракса во НБА лигата сепак, тимот на Мајами Хит се одлучи преку официјално соопштение да се огласи и да ги демантира шпекулациите поврзани со Џими Батлер.
Најдобриот играч на Мајами, е тема на трејд шпекулациите извесен период, па клубот мораше да го заштити преку официјално соопштение на кое стои името на првиот човек на тимот, Пет Рајли.
„Обично вака не функционираме, но сите овие шпекулации почнаа да ни пречат во секојдневната работа. Тоа не е фер ниту спрема играчите ниту спрема тренерите. Затоа да разјасниме, Џими Батлер нема да биде трејдуван“ – изјави Рајли.